Затоа што така станувате сериозни „играчи“ на пазарот. Вашиот ISO сертификат гласно зборува, па кога клиентите се мислат кој бренд да го одберат, најчесто го одбираат оној во кој имаат доверба. А тоа се компаниите кои испорачуваат стандардизиран квалитет.
Честа причина за имплементација на ISO стандарди е тоа што организациите признаваат дека нивните тековни процеси и модели на работа не се толку ефективни како што би можеле да бидат, и страдаат од тоа што персоналот ја извршува истата задача на многу начини, па затоа произведуваат неконзистентни резултати и варијации, што резултираат со негативно влијание врз пазарот, незадоволство кај клиентите поради нестандардизираните производи или услуги, а сето тоа доведува до намален профит, непланирани загуби и дополнителни трошоци.
Клиентите бараат квалитет во континуитет! Ако сте способни да го одржите квалитетот, дури тогаш вашиот бренд расте. Корисниците се задоволни од производитеи услугите кои ги нудите. Кога темелно го градите вашиот бизнис, вие креирате препознатливост на пазарот. Клиентите ве бараат, брендот расте, а заедно со брендот расте и профитот. Само тогаш можете да си кажете дека сте успеале. Ваквите бизниси опстојуваат долги години и се пренесуваат на новите генерации во семејството. Од таму и познатата изјава на внукот на еден од најуспешните бизнисмени во светот: Да направиме квалитетни производи, за нашите клиенти да ги купуваат и во иднина.
Да заклучиме, без разлика дали имате мал или голем бизнис, за успех ви е потребен добар систем. ISO стандардите го овозможуваат тоа, затоа постојат, за да ви ја олеснат работата и да ви помогнат да изградите стабилен бизнис.
Имплементирањето на било кој од меѓународните стандарди е потврда дека компанијата има стратешка визија за подобрување на брендот и силно ја потенцира сериозноста на компанијата и нејзината посветеност подготвено да одговори на новите предизвици на се поконкурентниот глобален пазар.
Доколку сте свесни дека на вашиот бизнис му е потребно да воведете некој од ISO стандардите за квалитет, за вашата компанија да расте, тука сме ние А&А ISO Consulting.
A&A ISO CONSULTING е специјализирана за консалтинг услуги за имплементација на мегународните стандарди. Тимот се состои од високо квалификувани професионалци, со долгогодишно искуство во областа на деловниот менаџмент консалтинг.
Побарајте не на телефонскиот број 072 321 981
Секој задоволен клиент и нас и вас ве води кон друг 🙂
Испратете ни маил, или побарајте не на телефонскиот број
Постојат многу ISO стандарди, но ова се најчесто употребуваните. Во продолжение прочитајте повеќе за овие стандарди