ISO 22000:2018 Систем за управување со безбедност на храната
ДЕЛОВЕН ПРЕДИЗВИК
ISO 22000:2018 е стандард за безбедност на храната. Тој е важна алатка за сите организации вклучени во производството, преработката, дистрибуцијата или продажбата на храна, обезбедувајќи рамка за управување со безбедноста на храната на систематски и ефективен начин, за сите бизниси во синџирот на исхрана. Стандардот ISO 22000 може да се примени на сите бизниси кои делуваат во индустријата за храна и добиточна храна, без оглед на големината на бизнисот. Овој стандард овозможува поставување на систем за управување кој им помага на фирмите да ги подобрат нивните севкупни перформанси.
ШТО ПРЕТСТАВУВА ISO 22000:2018
ISO 22000:2018 е меѓународен стандард кој е развиен за да се осигура дека организациите во прехранбениот сектор, можат ефективно да управуваат со безбедноста на храната, да обезбедат хигиенски практики и следливост во секоја фаза од синџирот на производство на храна од фарма до трпеза. Со тоа ја гарантираат безбедноста на храната и на потрошувачите им испорачуваат здрави, квалитетни и безбедни прехранбени производи согласно барањата на стандардот.
КОИ СЕ КЛУЧНИТЕ ПРЕДНОСТИ ПРИ ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ISO 22000
Придобивката од системот за управување со безбеност на храната:
ПРИДОБИВКИ ОД СИСТЕМОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО БЕЗБЕДНОСТ НА ХРАНАТА
ГЛАВНИ ЧЕКОРИ ПРИ ВОСПОСТАВУВАЊЕ НА СИСТЕМОТ
СЕРТИФИКАЦИСКА ПОСТАПКА
Сертификацијата е постапка со која независна институција констатира дека системот за безбедност на храната е во согласност со стандардот ISO 22000. Тоа се потврдува со сертификат, со кој го докажувате исполнувањето на барањата. Постапката за сертифицирање ја сочинуваат проверка на документација и сертификациска проверка која се изведува со две посети кај вас. По доделување на сертификатот годишно се проверува работењето на системот, а еднаш на три години се изведува обновителна проверка. Сертификатот важи, се додека со проверките секоја година докажувате дека сеуште ги исполнувате барањата на стандардот.
Овој стандард е дизајниран во истата структура како и другите стандарди за систем за управување, како што е стандардот ISO 9001 за управување со квалитет. Затоа, може лесно да се интегрира со други системи за управување, или може да се користи самостојно.