ISO 27001:2022 Системи за управување со безбедноста на информациите
Information security management systems (ISMS)
ДЕЛОВЕН ПРЕДИЗВИК
ISO 27001:2022 е меѓународен стандард кој се фокусира на управувањето со безбедноста на информациите. Овој стандрд воспоставува систем за управување со безбедноста на информациите (ISMS) кој е исклучително значаен за заштита на доверливоста, интегритетот и достапноста на информациите во една организација.
ШТО ПРЕТСТАВУВА ISO 27001:2022
Тој претставува стандард кој ги дефинира барањата за системи за управување со безбедноста на информациите. Примената на ISO 27001:2022 претставува значителен деловен предизвик на организацијата. Истовремено, овој стандард е показател на сериозноста на компанијата во намерите безбедно да управува со информациите и да ги штити податоците со кои располага.
КОИ СЕ ТРИТЕ ПРИНЦИПИ НА ISO 27001?
Основната цел на системот за управување со безбедност на информациите е да заштити три аспекти на информациите:
Доверливост: Право на пристап до информации имаат само овластени лица.
Интегритет: Само овластени лица можат да ги променат информациите.
Достапност: Информациите мора да бидат достапни за овластени лица секогаш кога е потребно
КОИ СЕ КЛУЧНИТЕ ПРЕДНОСТИ ПРИ ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ISO 27001:2013
Имплементацијата на ISO 27001:2022 бара правилен пристап и сериозен ангажман на вработените за континуирано подобрување. Тогаш организацијата може успешно да ја управува својата безбедност на информациите и да ја намали изложеноста на ризици.
Ова не само што го штити информацискиот имот на организацијата, туку и ја зголемува довербата на клиентите и партнерите, кои се чувствуваат безбедно и заштитено.
ПРИДОБИВКИ ОД СИСТЕМОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО БЕЗБЕДНОСТ НА ИНФОРМАЦИИ
Организацијата која управува со безбедноста на информациите на структурен начин, ја намалува веројатноста да доживее инциденти кои можат да го загрозат нејзиниот имиџ. Спроведувањето на стандардите овозможува подобрени работни процеси, ја потенцира серозната посветеност на компанијата за креирање на лојална и коректна деловна политика на управување , а тоа влијае на зголемена ефиксност и подобри деловни резултати.
СЕРТИФИКАЦИСКА ПОСТАПКА
Сертификацијата покажува дека организацијата сериозно ја сфаќа безбедноста на информациите, а тоа ја зголемува довербата кај клиентите и партнерите.
Сертификацијата според ISO 27001:2022 е важен чекор за секоја организација која сака да ги заштити своите информации и да ја засили безбедноста на податоците на своите клиенти и партнери. Сертификацијата е потврда дека компанијата ги превзела сите чекори и ги исполнила сите барања на стандардот, онака како што се пропишани од Меѓународната организација за стандарди.
ЗОШТО ДА ГО ИЗБЕРЕТЕ A&A ISO CONSULTING
A&A ISO CONSULTING е специјализирана консултантска организација за консалтинг услуги за имплементација на мегународните стандарди.
Тимот се состои од високо квалификувани професионалци, со долгогодишно искуство во областа на деловниот менаџмент консалтинг.
Тимот на A&A ISO CONSULTING секогаш е професионален, достапен и флексибилен во насока на спроведување на проектите со максимално исполнување на потребите и очекувањата на клиентите.