ISO 14001– Систем за Заштита на животна средина
Environmental management systems (EMS)
ДЕЛОВЕН ПРЕДИЗВИК
Зголемената грижа за заштита на природата и здравјето на човекот, не потикнува да посветиме повеќе внимание на влијанијата на нашите дејности, производи или услуги, на животна средина. Нашиот однос кон животната средина не отсликува во јавноста, а има и одлучувачко значење при договарањето на деловната соработка.
ШТО ПРЕTСТАВУВА ISO 14001
Грижата за животната средина ја подобрува сликата за вашата компанија и во исто време соодветно управува со еколошките прашања, поволно влијае на профитот и ја зголемува конкурентноста на вашата компанија.
Грижата за животната средина и спречувањето на вашата организација да предизвика негативно влијание врз животната средина, се едни од најголемите предизвици со кои се соочуваат бизнисите денес. ISO 14001 е меѓународен стандард за системи за управување со животната средина (EMS) и најшироко користен систем за управување со животната средина во светот.
ISO 14001 е главниот систем за управување со стандард кој ги специфицира барањата за формулирање и одржување на систем за управување со животната средина. Ова помага да ги контролирате вашите еколошки аспекти, да ги намалите влијанијата и да обезбедите законска усогласеност.
Доброто управување со животната средина мора да вклучува:
Неговата употреба ќе ви помогне, да ги остварите целите на вашата политика за заштита на животна средина. На тој начин, системски ќе ги владеете поважните опасности за животната средина, постојано ќе се подобрувате и прилагодувате на новите барања.
КОИ СЕ КЛУЧНИТЕ ПРЕДНОСТИ ПРИ ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ISO 14001
Придобивката од системот за управување при заштита на животната средина се:
ПРИДОБИВКА ОД СИСТЕМОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
КОЈ ИМА ПОТРЕБА ОД ISO 14001?
СИТЕ!!!
ISO 14001 обезбедува зголемена вредност за секоја организација во која било индустрија, која сака да имплементира систематски пристап за подобрување на еколошките перформанси, вклучувајќи:
СЕРТИФИКАЦИСКА ПОСТАПКА
Сертификацијата е постапка со која независна институција констатира дека системот за управување со животна средина е во согласност со стандардот ISO 14001:2015. Тоа се потврдува со сертификат, со кој го докажувате исполнувањето на барањата. Постапката за сертифицирање ја сочинуваат проверка на документација и сертификациска проверка која се изведува со две посети кај вас. По доделување на сертификатот годишно се проверува работењето на системот, а еднаш на три години се изведува обновителна проверка (ресертификација). Сертификатот е важечки, се додека со проверките секоја година докажувате дека сеуште ги исполнувате барањата на стандардот.
ГЛАВНИ ЧЕКОРИ ПРИ ВОСПОСТАВУВАЊЕ НА СИСТЕМОТ
ЗОШТО ДА ГО ИЗБЕРЕТЕ A&A ISO CONSULTING
A&A ISO CONSULTING е специјализирана консултантска организација за консалтинг услуги за имплементација на мегународните стандарди.
Тимот се состои од високо квалификувани професионалци, со долгогодишно искуство во областа на деловниот менаџмент консалтинг.
Тимот на A&A ISO CONSULTING секогаш е професионален, достапен и флексибилен во насока на спроведување на проектите со максимално задоволување на потребите и очекувањата на клиентите.
РЕФЕРЕНЦА
Консултациите при импелемнтација на системот за менаџирање со животна средина 14001:2015 ја спроведуваат високо оспособени консултанти, кои имаат богато практично искуство од најразлични производни и услужни дејности со комплетна референтна листа.