ISO 20000 – Систем за управување со IT услуги

ISO 20000 Информатичка технологија — Управување со услуги (Information technology — Service management)

ISO 20000 е меѓународен стандард за управување со IT услуги, кој ги поставува барањата за систем за управување со услуги (service management system -SMS). Овој стандард е дизајниран за помош на организациите во поставувањето, имплементирањето, управувањето, одржувањето и подобрувањето на управувањето со IT услугите.

ISO 20000 е клучен стандард за организации кои сакаат да ги подобрат своите IT услуги и да постигнат високи нивоа на квалитет и ефикасност. Примената на овој стандард не само што ќе помогне во подобрувањето на услугите, туку и во подобрувањето на внатрешните процеси и задоволството на клиентите.

Исто така, стандардот ќе придонесе за подобрено знаење за управување со ИТ услугите, со што се смалува ризикот од грешки, се избегнуваат непланирани трошоци, а сето ова позитивно влијае на целокупниот перформанс на компанијата.