ISO 31000 Систем за управување со ризици (Risk management)
ISO 31000 е меѓународен стандард за управување со ризици, кој ја поставува основата за развој, имплементација и подобрување на процесите за управување со ризици во организациите. Овозможува сеопфатен пристап за идентификување, анализа, евалуација, третирање, следење и комуницирање на ризиците низ организацијата.
Овој стандард нуди принципи и упатства што можат да се применуваат на различни типови на организации и во различни сектори, без оглед на големината или типот на активностите.
Стандардот се базира на неколку клучни компоненти:
Интеграција: Управувањето со ризици треба да биде интегрирано во сите аспекти на организацијата.
Структурирано и систематско управување: Процесот на управување со ризици треба да биде структурно и систематски организиран.
Зголемена свест: Организацијата гради култура на зголемена свесност за управување со ризиците кај сите вработени, што придонесува за проактивен пристап на сите нивоа и за сите процеси во организацијата.
Комуникација: За добро управување со ризиците потребна е транспарентност, сите идентификувани ризици треба да бидат јасно комуницирани внатре во организацијата и со сите засегнати страни.
Фокус на вредноста: Управувањето со ризици треба да создаде вредност за организацијата, секој нетретиран ризик ги засега сите вработени, па тие свесно ја вреднуваат организацијата во која работат и се однесуваат како кон свој имот.
Учесници: Вклучени се сите вработени и заинтересирани страни, бидејќи ризикот сите ги таргетира и може многу неповолно да влијае доколку не се управува како што треба.