ISO 45001 – Систем за управување со здравје и безбедност при работа

ISO 45001:2018 СИСТЕМ ЗА МЕНАЏИРАЊЕ СО БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА

Оccupational health and safety (OH&S) management system

 

ДЕЛОВЕН ПРЕДИЗВИК

Успешните компании се стремат кон квалитетот – од начинот на кој тие работат, до стандардизираните услуги кои ги нудат на своите клиенти и производите што им ги доставуваат. Имплементирањето на овој стандард е потврда дека компанијата има стратешка визија за подобрување на брендот и силно ја потенцира сериозноста на компанијата и нејзината посветеност подготвено да одговори на новите предизвици на се поконкурентниот глобален пазар.

ШТО ПРЕТСТАВУВА ISO 45001:2018

Овој стандард е креиран во интерес на вработените а истовремено го штити и раководството на компанијата. Целта на ISO 45001:2018 е спречување или намалување на повредите на работното место и подобрување на работните услови. Основната цел на ISO 45001:2018 е сигурност на вработените на работно место со примена на следни чекори:

  • Дефинирање на Политика за здравје и безбедност на вработените
  • Идентификување на опасностите согласно законски прописи
  • Проценка на ризик на секое работно место
  • Дефинирање на цели и мерки за заштита на вработените
  • Запознавање на вработените со ризиците на работно место на кое работат
  • Запознавање на вработените со мерките за заштита, лични заштитни средства и давање на прва помош
  • Мониторинг на работни услови и дефинирање на места со зголемен ризик за работа

 

КОИ СЕ КЛУЧНИТЕ ПРЕДНОСТИ ПРИ ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ISO 45001:2018

Во јавноста или пред својот деловен партнер докажувате дека ги исполнувате барањата на ISO 45001:2018, а со тоа непосредно и:

  • Ги сведувате на минимум повредите на работно место
  • Ги заштитувате сите вработени во Организацијата како и посетителите
  • Влијаете врз спремноста на Раководството за правовремено отклонување на опасноста
  • Ги усогласување работните процеси и работните услови со законските прописи
  • Ја подобрува генералната слика за Организацијата
  • Дава предности на домашниот и меѓународниот пазар.

 

ПРИДОБИВКИ ОД СИСТЕМОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА ISO 45001:2018

Овој меѓународен стандард ги специфицира барањата за безбедност и здравје при работа, со цел да ја оспособи компанијата да ги контролира нејзините ризици и да ги докаже своите перформанси. Така остварените услови ви овозможуваат поуспешно работење, ризиците од повреда и нарушување на здравјето кај вработените се смалени на минимум, организацијата има подобра прегледност и е подготвена за непрекинато прилагодување на промените со ефикасни деловни и производни процеси.

ГЛАВНИ ЧЕКОРИ ПРИ ВОСПОСТАВУВАЊЕ НА СИСТЕМОТ

  • Одлука на раководството
  • Запознавање со стандардот
  • Воспоставување на системот, мерење, одржување и прегледување на системот
  • Понатамошно подобрување


ИНТЕГРАЦИЈА НА СИСТЕМОТ ЗА МЕНАЏИРАЊЕ СО БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА СО ОСТАНАТИТЕ СИСТЕМИ

Системот за управување со безбедност и здравје при работа, како што го определува стандардот ISO 45001:2018, претставува основа за останатите системи. Останатите стандарди и системи определуваат исполнување на специфични барања од аспект на поедини стручни подрачја:

Ова значи дека системите можат да се интегрираат и компаниите тоа најчесто и го прават. Секаде каде има производство има и ризик од загадување на животната средина и разни опасности по здравјето и безбедноста при работа. Во такви случаи, обично на компаниите им се потребни интегрирани системи кои се сеопфатни и ги управуваат сите процеси во согласност со барањата на интегрираните стандарди.

 

ЗОШТО ДА ГО ИЗБЕРЕТЕ A&A ISO CONSULTING

A&A ISO CONSULTING е специјализирана консултантска организација за консалтинг услуги за имплементација на мегународните стандарди.

Тимот се состои од високо квалификувани професионалци, со долгогодишно искуство во областа на деловниот менаџмент консалтинг. 

Тимот на A&A ISO CONSULTING секогаш е професионален, достапен и флексибилен во насока на спроведување на проектите со максимално задоволување на потребите и очекувањата на клиентите.