ISO 9001:2015 Систем за управување со квалитет (Quality management system- QMS)
ISO 9001 е меѓународен стандард кој е насочен кон задоволство на крајните корисници. Ова е основниот стандард чии барања се вградени во сите останати стандарди за квалитет, како процесен модел кој ќе и овозможи на вашата организација да ја подобри контролата и системски да управува со основните деловни процеси, преку создавање на инфраструктура за квалитет.
Имплементацијата на стандардот бара организацијата да ги испита своите деловни процеси, да ги идентификува најдобрите практики, да ги стандардизира процесите и потоа да ги применува доследно, што овозможува солидна платформа за секоја организација која се обидува да расте. Токму затоа овој стандард се препорачува за сите компании, особено за малите бизниси, бидејќи имплементацијата ги подобрува работните процеси преку јасно дефинирани процедури за работа за секое работно место. Ова ја олеснува работата на сите вработени во компанијата без разлика на која позиција работат, бидејќи точно се знае кој, што, кога и како прави. На овој начин грешките се сведени на минимум, квалитетот е сигурен, загубите се намалени, довербата кај клиентите е зголемена, задоволството на клиентите е континуирано, а профитот како крајна цел на секој бизнис е зголемен, со избегнати грешки, непланирани трошоци и загуби предизвикани од немање добар систем на работа.
Зошто да имплементирате ISO 9001?
Воведувањето на стандардизиран систем за работа го гарантира квалитетот, а со тоа полесно се натпреварувате со конкуренцијата на пазарот!
Системот за квалитет ќе ви помогне да ги стандардизирате процесите, а со тоа ќе можете да ја следите и проверувате нивната ефикасност и лесно и брзо да идентификувате кога тие не се правилно применети.
Друга честа причина за имплементација на ISO 9001 е тоа што организациите признаваат дека нивните тековни процеси и модели на работа не се толку ефективни како што би можеле да бидат, и страдаат од тоа што персоналот ја извршува истата задача на многу начини, па затоа произведуваат неконзистентни резултати и варијации на производите, што резултира со негативно влијание врз пазарот, незадоволство кај клиентите поради нестандардизираните производи или услуги, а сето тоа доведува до намален профит, непланирани загуби и дополнителни трошоци.
Клиентите бараат квалитет во континуитет. Ако сте способни да го одржите квалитетот, дури тогаш вашиот бренд расте. Корисниците се задоволни од производите и услугите кои ги нудите. Кога темелно го градите вашиот бизнис, вие креирате препознатливост на пазарот. Клиентите ве бараат, брендот расте, а заедно со брендот расте и профитот. Само тогаш можете да си кажете дека сте успеале. Ваквите бизниси опстојуваат долги години и се пренесуваат на новите генерации во семејството.
Да заклучиме, без разлика дали имате мал или голем бизнис, за успех ви е потребен добар систем. ISO стандардите го овозможуваат тоа, затоа постојат, за да ви ја олеснат работата и да ви помогнат да изградите стабилен бизнис.
ЗОШТО ДА ГО ИЗБЕРЕТЕ A&A ISO CONSULTING?
A&A ISO CONSULTING е специјализирана консултантска организација за консалтинг услуги за имплементација на мегународните стандарди.
Тимот се состои од високо квалификувани професионалци, со долгогодишно искуство во областа на деловниот менаџмент консалтинг.
Тимот на A&A ISO CONSULTING секогаш е професионален, достапен и флексибилен во насока на спроведување на проектите со максимално исполнување на потребите и очекувањата на клиентите.