МИСИЈА
Професионална, коректна и тимска соработка со сите наши партнери (клиенти) во остварување на целите на компаниите кои го препознале значењето на стандардите за квалитет. Ние учествуваме во вашиот раст, а заедно со вас растеме и ние. Благородна е нашата мисија да бидеме дел од експанзијата на вашите бизниси и заедно да креираме задоволство кај вашите корисници на производите и услугите кои ги нудите.
ВИЗИЈА
Успешни бизниси, компании кои брзо растат, задоволни тимови во кои секој си го знае местото и работните задачи, развиена свест за заштита на животната средина и изграден lifestyle воден од позитивен пристап.
Експанзија на квалитет на производи, услуги, односи, бизнис политики, релации и можности.
Раст на сите компании кои размислуваат два чекори понапред и креираат производи и услуги кои ќе се купуваат и во иднина од некои нови генерации.
Зошто да не одберете нас
Бидејќи ние знаеме како да имплементирате некој од меѓународните стандарди и ви препорачуваме да го направите тој чекор, со цел да го подобрите квалитетот и довербата кај клиентите, а со тоа и профитот
A&A ISO CONSULTING е компанија со долгогодишно искуство во областа на имплементацијата на ISO стандардите:
Независно во која индустрија работите, секогаш постои можност за подобрување на процесите, а во голем дел имплементацијата на некој од стандардите за квалитет веќе е и законска обврска.
Доколку планирате да воведете некој од горенаведените стандарди или ви треба темелна интерна проверка на веќе имплементиран систем за квалитет, ние ви ја нудиме нашата услуга по коректни цени и фер договор за соработка.
Нашата девиза е „Секој задоволен клиент ве води кон друг“.
Зголемете го профитот, подобрете го квалиетот, креирајте позитивна атмосфера и мотивирачка работна средина, грижете се за здравјето и безбедноста при работа на вашите вработени и чувајте ја животната средина и општеството во кое придонесувате. Подготвено управувајте ги ризиците, ИТ услугите, енергетската ефикасност и заштитете ги вашите информации.
Имплементирањето на било кој од меѓународните стандарди е потврда дека компанијата има стратешка визија за подобрување на брендот и силно ја потенцира сериозноста на компанијата и нејзината посветеност подготвено да одговори на новите предизвици на се поконкурентниот глобален пазар.
Доколку сте свесни дека на вашиот бизнис му е потребно да воведете некој од ISO стандардите за квалитет, за вашата компанија да расте, тука сме ние А&А ISO CONSULTING.
A&A ISO CONSULTING е специјализирана консултантска организација за консалтинг услуги за имплементација на мегународни стандарди.
Тимот се состои од високо квалификувани професионалци, со долгогодишно искуство во областа на деловниот менаџмент консалтинг.
Позитивниот пристап кон секој предизвик, го прави тимот на A&A ISO CONSULTING секогаш да е професионален, достапен и флексибилен во насока на спроведување на проектите со максимално задоволување на потребите и очекувањата на клиентите.
Побарајте не на телефонскиот број 072 321 981
Со почит,
Јагода Аге
A&A ISO CONSULTING